На вчерашната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на поставено новинарско прашање
Каков е вашиот коментар за пресудата на градоначалникот на Ново Село?
во врска со случајот со Градоначалникот на СДСМ во Ново Село при што беше преквалификувано делот за шверц со цигари во ОБИД за шверц одговори дека во државата судството е заробено од страна на СДСМ, па нормално е да се случуваат вакви постапки кај судиите.
Тој истакна:
Денеска видовме уште една фарса од судење за која што посведочи јавноста, а тоа е за градоначалникот на СДСМ од Ново Село и таа пресуда јасно го отсликува судството кое што е заробено од страна на СДСМ и на криминалниот картел кој што е на власт. Впрочем кога адвокатот на Зоран Заев го брани нивниот градоначалник од Ново Село кој што е фатен во криминал, шверц на цигари, не може да се очекува ништо друго. Исто како и неговиот шеф Зоран Заев, познатиот во јавноста, во Ново Село и Струмица, Боро Марлборо си доби преквалификација на делото. Тоа е дека делото му било во обид како што можеа да соопштат. Нормално судот ниту смее да испита дали тоа дело се повторувало наназад, ниту да спроведе истрага за потекло на неговиот имот или не дај Боже да конфискува барем едно евро од сето она што го има.
По што дополни:
Без разлика што се фатени живи како шверцуваат цигари, тие ќе бидат пуштени на слобода и ќе можат и понатака да ги злоупотребуваат нивните функции кои што се јавни, а впрочем не треба да го прават тоа. Со вакви обвинителни акти ние сме далеку од вредностите на Европската Унија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина