БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Избран претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денис Пановски , младо,талентирано, борбено и способно момче во редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избран по предлог на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ , Лука Кржаловски , и изгласан од страна на извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ. Денис во наредните 4 години ќе биде на чело на пробиштипската Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

19 годишниот Пановски своето средно образование го заврши во пробиштипската гимназија “Наум Наумовски-Борче”, а понатамошното образование ќе го продолжи на еден од државните универзитети во земјава.

Својата поддршка и посветеност кон партијата , максимално ја пружил уште од својата 15 та година. На Пановски ова му е втор мандат како претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој на својот фејсбук профил се заблагодари на највисокото партиско раководство за довербата која му е укажана.

Почитувани членови, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и останати граѓани на Општина Пробиштип, чест ми е да ве известам дека со одлука на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум избран за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип. Ми претставува чест да ја водам младината на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, и се обврзувам дека истата ќе ја водам чесно и со искрени намери бидејќи младите се движечка сила во општеството. Сакам јавно да им се заблагодарам на сите членови на ОК, претседатели на МК и симпатизери кои неуморно работеа и ќе продолжат да работат со цел да ја подигнеме УМС на уште поголемо ниво и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратиме на власт. Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Република Македонија,

– порача Пановски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace