Димитар Димовски во неговата колумна “Чекајќи го 30-ти” за порталот Курир.мк јасно и гласно онака како што личи на непокорот и слободољубивиот дух на генерации Македонски синови кои со своето животно дело го изградиле историското ВМРО и денешната ВМРО-ДПМНЕ, го соопшти својот став во врска со претстојното референдумско изјаснување за Договорот за промена на името на Република Македонија.
Македонскиот народ е мудар народ. Чесен, вреден и трпелив. Издржал многу премрежја и ќе го издржи и ова. Секој од нас во срцето ја чува Македонија. Република Македонија, а не Северна Македонија. И секој од нас, слушајќи си ги срцето и разумот, ќе ви покаже на 30-ти Септември дека не можете со лагите и притисоците да не натерате да излеземе и да се откажаме од нашето битисување. На 30-ти Септември, народот ќе ги слави поразот над предавничката хунта и победата на зачувувањето на Република Македонија.
А од 1-ви Октомври, после неуспешниот референдум, народот ќе си дојде по неговото. И нема да ве поштеди. Ниту еден. Ќе одговарате за сé што уништувате, крадете и предавате.
-напиша Димитар Димовски-член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи