Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница
На 05.06.2022 околу 03.00 часот кај Граничен камен 59 на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишиле од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба, спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин. Од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ“ известен е судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им е изречена парична казна и издадени им се решенија за протерување од државата.
Извор: МВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени од слобода 11 возачи во тетовско, Кочани, Виница, Неготино, Кавадарци, ресенско, Прилеп и Струга затоа што управувале возило под дејство на алкохол, следува пријава
Лишено лице од слободата, примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година