Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Дневникот на еден кабел

Пренеси го гласот

Во таа земја на контрадикторности, каде сонцето свети најсилно и каде со минатото луѓето ја отсликуваат иднината…таму се има случено онаа приказна за Кабелот.

Сериски убиец, повторувач на делото, се јавува секаде каде има центар.Секогаш кога ќе случи нешто ново, овој незатворен, излегува од неговиот струен затвор и пак напаѓа.Она што повторно ме враќа во реалноста е Власта, која го штити Кабелот.

Овие години се случија повеќе работи во сферата на правосудството кои немаат врска со реформи, туку со семејни врски, линкови, партизам и полтронизам…

Никој не му може ништо на струјниот итрец. Имавме меѓународен мониторинг и експертиза, имавме странски фактор и обучени обучувачи на обланди од политичари.

Идејата беше да им се ,,пуштаат” на потенцијалните гласачи и само така ќе го разберам барањето за ревизија, кое сами си го поставија како лајт мотив, а не го решија.Но кога ќе се сетам дека пред неколку години ние направивме преседан со човештината и со државноста ми се иде света да фатам.А кога ќе се сетам дека едни други беа директни продавачи на душите на Народот одма ми е некако полесно на душава…ама само за неколку секунди.Тогаш ќе ми текне на причинско-последователните односи.

Со само какви правни одлуки и самосоздавачки закони како гума за бришење ни ја избришаа националноста и сега да бидеш патриот во својата земја е срам, асли голем срам!!

А пак националист?

Тогаш си персона нон грата . Кога ќе ти се згади од се, фрли ја гумата за бришење, чунки Ти си тој што се брише. Најрано е да ја исплукаш мислата и продолжуваш натаму!

Да се вратиме на Кабелот!

Тој и вчера завршил работа.И тоа не било каква.

Меѓународен инцидент!?

На овој терорист местото му е во затвор.

Доживотна велам!

Поради него живи изгореа 14 луѓе.

Поради него изгореа цели бараки, Модуларни…инспекторатот, дури автобуси!?

Поради него фабрики горат.

А еве сега најново, сака да не скара со комшиите.

Па кажете бре луѓе, дали овој Кабел кој никој не може да го осуди, не е за доживотна??

Самозапалувачки некој кабел!?

…и ќе се појави некаде ненадејно, како бугарски воз по новата пруга.

Пишува: Гоце Марков

Креирано од:


Пренеси го гласот