БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Петков присуствуваше на спортски риболовен натпревар во организација на ЗСРЕК “КРАП” Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Убавото викенд време градоначалникот на општина Виница го искористи за дружење со спортските риболовци кои што зедоа учество во Меморијалниот Крап Куп “Гоце Петровски-Гишел” организиран од Здружение спортски риболовен еколошки клуб ЗСРЕК “КРАП” Виница.

Општина Виница како чиста и еколошки незагадена територија која што изобилува со речен фонд на води е погоден простор за унапредување на спорски но и економски активности поврзани со аква културите и рибарството.

Од тие причини градоначалникот Петков овозможува своја сесрдна поддршка за спордскиот риболовен клуб “Крап” од Виница со надеж дека нивните активности ќе се зголемат во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На турнирот свое учество зедоа повеќе екипи од кои што најуспешна беше екипата “Дрим Тим” од Скопје која ја улови најголемата риба како и екипата “Манџа Мед” Виница која го освои првото место на турнирот.

“Денес присуствував на затворањето на Меморијалниот Крап Куп “Гоце Петровски-Гишел” организиран од Здружение спортски риболовен еколошки клуб ЗСРЕК “КРАП” Виница.

На турнирот учествуваа 8 екипи од Македонија кои севкупно уловија 335 парчиња риба со вкупна тежина од 1 тон и 23 килограми. Најголемата риба која беше уловена од екипата на ДРИМ-ТИМ од Скопје изнесуваше 10 килограми и 650 грама.

Првото место на турнирот го освои екипата на “МАНЏА-МЕД” од Виница, второ место заврши “КРАП” од Виница и на третата позиција се пласираше екипата “ПИЈАНЕЦ” од Делчево.”

-соопшти Градоначалникот Миле Петков во врска со овој спортски настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace