БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

До неодамна заборавено место во населбата Сењак 4 во Штип се претвара во модерен јавен простор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интензивната и фокусирана реализација на секојдневните активности на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип пополека дава резултат во подобрувањето на животните услови за жителите на сите штипски населби.

Во изминатите недели екипи на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип посветено работеа на уредувањето на еден од најзапуштените јавни простори во штип и тоа во населбата Сењак 4 каде што деновиве ново мултинаменско игралиште ги добива своите контури на препознатливост.

За кратко време граѓаните на оваа населба и сите добронамерници ќе може да играат фудбал на новоопременото фудбалско игралиште на вештачка трева како и уличен баскет на новото кошаркарско игралиште со тартан подлога.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До неодамна неуреденото и обраснато катче со дива вегетација и отпад сега прераснува во репрезентативен јавен простор за спорт, рекреација и социјализација на штипјани.

Состојба ПРЕД започнување на активностите

‼️За многу кратко на ова “заборавено место” во населбата Сењак 4 ќе има терен за мал фудбал ( со вештачка трева ) и баскет ( 3х3 ) терен ( со тартан подлога ).
Продолжуваме посветено од ❤ за Штип.

#ЈПСтипион#ОпштинаШтип#ВМРОДПМНЕ

-информираше директорот на ЈП “Стипион” Штип Игор Ефтимов во врска со овој проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace