Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска оствари работна посета на хрватскиот град Сплит каде што се сретна со градоначалникот на Сплит Ивица Пуљак.
Продолжувањето на добрите односи со управата на збратимениот град на Штип во Хрватска е од исклучително значење за градоначалникот Јорднов, кој што е решен ваквите односи да бидат крунисани со голем број на конкретни проекти од сите можни полиња на соработка.
“Денес остварив работна посета на градот Сплит, како и средба со градоначалникот г. Ивица Пуљак, на која договоривме рамка за соработка и продолжување на традиционално добрите релации на Општина Штип со збратимениот град Сплит.
На средбата со градоначалникот Пуљак, разговаравме за можноста за реализација на заеднички проекти во областа на културата, образованието, туризмот и спортот, се со цел продлабочување на соработката помеѓу двата града.”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се шират лажни информации помеѓу жителите на Кочани за поголем број на починати. Дополнителна тензија никому не е од корист
Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци