БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Додека во МВР и МО луѓе се етикетираат како ВМРО-овци началници на власта присуствуваат на партиски трибини на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на големиот број на припадници на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи врз кои се врши прогон, притисок, дискриминација и етикетирања.

Станува збор за десетици а можеби и стотици полицајци, војници и службен персонал кои што трпат репресии на своето работно место но и закани од губење работа и други реперкусии.

И додека се случува ваквата пракса ширум Македонија, највисоките структури од МВР и МО присуствиваат на партиски трибини на кои Димитар Ковачевски чита однапред подготвени текстови во функција на подигање на својот катастрофален рејтинг.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата состојба алармираше пратеникот Драган Ковачки со своја реакција утринава:

“На Министрите за внатрешни и за одбрана устите им се полни со ЕУ и НАТО стандарди и департизација, а во реалноста го гледаме токму спротивното.

Продолжуваме со објава на партиските послушници – началници и раководители во МВР и МО кои се поставени и наградувани лично од министрите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска.

Станува збор за вчерашниот митинг на СДС во Куманово и за присуството на началникот на цела северна граница – Бобан Димитровски, понатаму командирот на граничниот премин Табановце – Игор Николовски, Дане – главен инспектор во РЦ Север – сите припадници на МВР, како и на високо позиционираната раководителка и партиски извршител во МО – Мирјана Штериовска.

Значи попусто се носат закони, попусто се зборува за некакви вредности, кога сето тоа е само фарса за пред јавност.

На професионалци во МВР и МО им се врши дискриминација, се етикетираат како ВМРО-вци и им се водат дисциплински постапки, само затоа што си ја сакаат државата, работат по закон и не подлегнуваат на притисоците од вакви – нивни колеги кои за да дојдат на тие раководни места мора да се појавуваат на партиски митинзи и да аплаудираат на досетките на Ковачевски.

Неизоставен дел од ова е и криминалот кој таквите кадри го прават за партијата, а за којшто си мислат дека е во позадина и дека никој не го гледа.

СДС и нивните кадри никогаш не работеле за интересите на Македонија, туку секогаш за свој, личен и партиски интерес.

Токму затоа Македонија нема напредок и е заглавена во жива кал.

#ПутујЕвропо

#Промени

-напиша Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace