Денес на свечена седница во Општина Штип беа доделени традиционалните признанија 8-ми ноември.
Во согласност со одлуката на Комисијата за доделување на признанија и награди и на Советот на Општина Штип, признанија им беа доделени на Александар Арсовски – за вонредни залагања во сферата на хуманитарната работа и обезбедување донации во здравството, Влатко Костов – за вонредни залагања, високиот професионализам и даден придонес во развојот на спортот и неговата афирмација, Ивана Ѓурѓевиќ Јанков– за даден придонес во промовирање и афирмирање на Штип и културата на хорско пеење преку градскиот хор Штип, Горан Трајков-за исклучителниот придонес во промовирање на правата на работниците во кожарско-текстилната струка преку ангажманот во здружението на граѓани „Гласно“-Штип и Зоран Илиев – за даден придонес во развојот на музичката култура и афирмацијата на македонската забавна песна.
При доделувањето на наградите грдоначалникот Благој Бочварски кажа:
-Денес без страв дишеме слободно. За денес ние вака слободно да општиме, да живееме се заслужни луѓето кои во 1944 го дале својот живот за најценетото нешто.
Никако не смееме да заборавиме за храброста, доблеста и пожртвуванаста на сите кои го дале својот живот во НОБ.Слава им ! Младите мора да ја превземат целата одговорност за иднината на градот, затоа што без нив нема иднина. Неповратни грантови за иноватори, неповратни грантови за млади земјоделци. Една од најважната работа е младинската гаранција.Младинската гаранција значи во одреден период државата да финансира директно пари за бруто-плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се обучуваат или трајно да се вработат. За бизнис-заедницата тоа ќе значи бесплатно подготвување кадар, обучување на претходно теоретски подготвените млади луѓе.
Со седницата раководеше ново-избраниот претседател на Советот, Јане Миланов а на седницата присуствуваа бројни гости од општествениот живот