Деновиве во Штип во тек е целосната рехабилитација на дворот на Општинската установа за култура Дом на Млади. Екипи на фирмата изведувач интензивно работат на партерното уредување и целосна рехабилитација на просторните содржини со што дворното место на оваа културан установа ќе прерасне во еден нов репрезентативен јавен простор каде ќе се случуваат голем број на настани.
“Започна реконструкцијата односно партерно уредување на дворното место на ОУК Дом на млади. Со овој проект е предвидено да се задржи автентичноста на постоечките каскадни платформи и добивање на нов, модерен и урбанизиран изглед.
Вкупниот буџет на проектот е во износ од 6.409.877, 00 денари со вклучен ДДВ, од кои
3.856.000,00 денари средства обезбедени од Општина Штип и 2.555.000, 00 денари од Програмата за рамномерен регионален развој.”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој проект.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа