БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Донесена пресудата за милионскиот грабеж во Тутунска банка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна.

На првообвинетиот Бобан Смилевски денеска му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба.  Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинениот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.

Со пресудата, која денеска беше соопштена во Основниот суд Скопје 1,  осудените се должни да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.

Тие на 10 април годинава од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до Судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, но тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace