Жителите на општина Зрновци се соочуваат со проблеми со водоснабдителната мрежа за нивните домови веќе подолго време. Како одговорна локална власт предводена од градоначалникот Борчо Коцев уште од почетокот на мандатот се прават напори оваа финансиски слаба општина да ги надминува сите проблеми кои што се јавуваат во функција за обезбедување на подобар живот за жителите.
Дефект на водоводната мрежа кој што се појави предизвика проблеми и во сообраќајот со што на жителите им е нарушено секојдневното нормално функционирање во Зрновци. За решавање на проблемот надлежни екипи веднаш излегоа на терен за санирање на дефектот при што и самиот градоначалник Борчо Коцев беше на лице место со цел за брза и ефикасна реакција.
Во оваа прилика градоначалникот Коцев најави целосна реконструкција на секундарната водоводна мрежа во Зрновци која што не е подобрена од нејзината изградба во 1975 година а за чија имплементација веќе се обезбедени околу 400 илјади евра.
Рекконструкцијата ќе започне наредната година кон месец април за што градоначалникот апелира за трпение кај локалните жители.
“Поради итни и неодложливи активности на КЈП Водна кула Зрновци за отклонување на дефект на секундарната водоводна мрежа на раскрсница кај мост “Капетан Синиша Стоилов” од регионален карактер, регионалниот патен правец кон општина Виница ќе биде времено затворен за сообраќај и истиот ќе се одвива по улица Димитар Влахов и локална обиколница кон општина Виница.
Дотрајаната секундарна водоводна мрежа изградена 1975 година, предизвикува постојани дефекти, кои во зависност од околностите навремено се отклонуваат од страна на КЈП Водна Кула за да има постојано водоснабдување на домаќинствата.
За таа цел на почетокот на мандатот Декември месец 2021 година навремено до Министерството за животна средина доставивме ревидиран проект ” Промена на секундарна водоводна мрежа во село Зрновци ” како дел од Програмата за подобрување на водоводна инфраструктура со вкупна финансиска конструкција од 439,445,00 евра од кои веќе се обезбедени 396,124,00 од Министерството за животна средина.
Во своето 26 годишно постоење на општина Зрновци, ова ќе биде прв комплексен проект кој трајно ќе ги реши проблемите со дотрајаната водоводна мрежа, а истиот започнува со реализација Април месец 2024 година.
Колку и да сака човек не може за година и пол да ги реши 2-3 децениски проблеми преку ноќ.
Потполно ги разбирам реакциите и негодувањата од страна на граѓаните при прекин на водоснабдувањата при случени дефекти, но истите не зависат од човечки фактор, едноставно од дотрајаноста на секундарната водоводна мрежа кои што секогаш навремено се санираат.
Благодарам на разбирањето !”
-соопшти градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев во оваа прилика.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски