БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дожд и силен ветер, понесете чадор и топла облека

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во  западните  и југозападните делови.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе се движи од пет до 11, а дневната  ќе опадне за околу 8 степени и ќе се движи од девет до 16 степени.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.

Во недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace