БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДПС Лисец утре организира еднодневна планинарска тура на планината Осогово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“ДПС Лисец организира еднодневна прекрасна акција на планината Осогово.

Тргнуваме со сопствен превоз во 06.00 часот наутро на 12ти март 2023година (недела) пред новата пошта во Штип.

По пристигнувањето во Крива Паланка се упатуваме до село Станци, каде што ги оставаме возилата и се упатуваме кон Станичките водопади (12метри), во должина од 2км. Потоа продолжуваме кон езерото Калин Камен во должина од 3км и висинска разлика од 500 метри. По кратка пауза продолжуваме кон врвот Калин Камен 1884мнв.
На враќање од врвот се упатуваме кон етно ресторанот “Конак” на заслужена отдишка ! Дополнително ке организираме такси превоз до нашите возила, за нашите возачи. На враќање се упатуваме кон село Конопница-црква Св. Теодор Тирон, од каде во должина од еден километар ќе посетиме водопадот Скок (12метри)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Акцијата е средно тешка и е потребна зимска опрема за учесниците.
Доколку има интерес, организирано е сместување во Вила “Ана-Марија” во сабота 11ти март, веднаш до етно ресторанот Воденица.
Цена за преноќување е 600 денари и местата се ограничени (осум легла)
Имајте убав престој, се гледаме на ОСОГОВО !!!

Водич на акцијата Стојанче Величковски – Крива Паланка

телефон за контaкт: 070 210 063
077 822 175″

-извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace