БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки кон Стево Пендаровски: Ви кажаа ли младите зошто заминуваат од Делчево и што им одговоривте?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со вчерашната посета на Делчево од страна на Стево Пендаровски и Оливер Спасовски своја реакција во јавноста упати членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки според кого оваа посета на двајцата високи функционери била во улога на афирмација и промоција на кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ на претстојните локални избори.

“Пендаровски и Спасовски биле во посета на Делчево и промоција на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ. Во рамките на таа посета била и програмата “Лице в лице со Претседателот”, односно средби на Претседателот Пендаровски со младите од Делчево.

Супер. Така треба. Да видат и младите дека било кој од нив утре, доколку посака, може да биде и Претседател на држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Г-не Претседателе, Ви кажаа ли младите од Делчево дека оваа учебна година дел од нивните другарчиња и оваа година како и претходната, не се појавиле на првиот школски час затоа што засекогаш заминале во Италија, Германија, Швајцарија итн?

Ви кажаа ли младите дека бројот на ученици во Делчево е 4 (четири) пати помал во однос на времето кога нивните родители биле ученици?

Ви кажаа ли младите зошто заминуваат од Делчево и што им одговоривте?

Им кажавте ли на младите дека треба да учат, да бидат посветени и да вложуваат во знаење и дека тоа е единствениот пат за личен и успех на општеството и државата, или можеби и Вие како и Вашиот премиер ги убедувавте дека среда и петок по три часа учење се сосема доволни за да станете премиер?

Веќе пет години сте на власт, а слушаме само празни зборови и ветувања.

Јас би рекол едно големо ништо. Белата чума го покоси Истокот, а Вие се сликате за кампања…

А впрочем, каков одговор може да очекуваат младите од нивниот претседател кој сам изјави дека доколку не би бил претседател, дека и тој би се иселил од државата !!!

Претседателе Пендаровски, посветете се на Вашите уставни задачи и излезете од кампањата за поддршка на СДСМ. Провидни сте.

Престанете со државни ресурси да вршите промоција на кандидатите на СДСМ. Вие треба да сте претседател на сите граѓани, без разлика на партиска, верска или друга определба.

Доаѓа времето кога ќе имате можност да видите како чесно и одговорно се води држава. Делчево и истокот ќе го препородиме со проекти, а младите нема да бегаат од сопствениот роден крај.

#Промени#МакедонијаЗаслужуваПодобро

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе

-напиша Драган Ковачки на фејсбук во врска со посетата на двајцата високи функционери на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace