БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Неважно. Тоа дека Заев лаже и дека за ништо не ги бива го знаат и врапчињата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кампањата е во полн ек, а од страна на криминалците во власта после лажгите со “живот” и “прав пат” сега слушаме ново мото: нивните Крадоначалници биле “најдоброто” за нашите општини. Во што се најдобри, не кажуваат…

А што да кажат, кога и самите знаат дека не се ни приближно до нивото на кое треба да биде еден градоначалник во земја која само што не почнала, но никако да ги почне преговорите со ЕУ, иако според Заев – веќе неколку пати досега добивме датум за почеток на преговори а и скринингот почна пред неколку години.

Неважно. Тоа дека Заев лаже и дека за ништо не ги бива го знаат и врапчињата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еве во неколку пасуси што е важно и што на сите треба да им биде јасно.

Со Заев, Спасовски и Шекеринска, Македонија го проби дното. Никогаш порано не сме биле толку понижени, потценети и испокрадени. Нека кажат Заев и дружината каде ги потрошија тие 3,5 милијарди евра со кои ја задолжија државата. Ништо не видовме од тие пари, освен изградба на патарини на патиштата што им ги остави претходната Влада.Народот во градовите се’ уште пие вода од азбестни цевки и од чешми на сред село.

На митинзи се пука со огнено оружје како да сме на дивиот запад од пред 2 века. Спасовски како и се друго и тоа не го гледа. Впрочем, нереално е да очекуваме некој да преземе мерки, кога директорот на БЈБ исто така пукаше од пиштол во Собрание пред 5 години и за тоа не одговараше. Од друга страна, неморалниот Филипче окезен од уво до уво се промовира на партиска кампања додека пациенти живи му горат и умираат по монтажните. Каде со тој памет? Што мислите, дека нема да ве стигне не само народната, туку и Божјата казна?

Македонски народе, овие избори се историски. Историски се затоа што преку гласањето за локална власт, ќе покажеме што мислиме и за централната власт на Заев. Овојпат резултатот ќе биде показател за тоа дали ќе го поддржиме највисокиот степен на корупција во Европа (111 место), дали ќе ја поддржиме полицијата која го штити и е директно замешана во нарко бизнисот на браќата и братучедите и дали ќе поддржиме со наши, македонски пасоши по Европа и светот да се шетаат терористи и светски криминалци. Е додека тие бандити во власта кешираат од црните им бизниси, нам ќе ни ги враќаат визите. Немојте да мислите дека некои држави од ЕУ туку така инсистираат на враќање на визите за Македонија. Не, тоа е резултат на се’ погоре кажано.

Кога би биле нормална држава, тие од ЕУ би сакале да бидеме со нив, а не да ни воведуваат дополнителни побарувања и услови. Никој не сака криминалци на маса до себе, никој не сака неспособни до себе, па ако сакате и никој не сака предавници на сопствениот род до себе. Оти тој што се откажал од своето, многу лесно ќе се откаже и од туѓото што впрочем и го нема.

Враќањето на визите и изолацијата на Македонија е резултат на неколку луѓе. Тие луѓе, на 17 октомври треба буквално да ги избркаме од институциите кои ги приватизираа и масовно ги злоупотребија. Македонијо буди се!

Време е за промени!

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе

-фејсбук статус на Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace