Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во своја реакција во јавноста зборува за состојбите во казнено-поправните установи и за информациите дека затвореници потплаќале командири во затворите за свои придобивки.
“Уште еден доказ дека нема никаква хиерархија и дека владее очај и беззаконие во институциите.
Командири да плаќат на затвореници за да добијат повисоки места или да се префрлат со работен однос во МВР е состојба на двојно пробиено дно.
Да има систем на вреднување, оценка на работењето, лојалност кон државата и кон системот, овие командири можеби немало да бидат предмет на измама, освен ако претходно не дошле и на тие позиции на сличен начин.
Џабе и кризна состојба што прогласија за подрачје на Идризово, џабе и војска што чува затвореници. Се’ е џабе. Едноставно е, работите се испуштени од контрола.
Системот е распаднат, ни треба под итно ремонтирање и воспоставување на нови правила на игра.
#Промени“
-напиша на фејсбук Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!