БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Само СДСМ и ДУИ и нивната потреба од фотелји имаат корист од обидите за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето синоќешно гостување во емисијата “360 степени” Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за обидите да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните парламентарни избори а се во функција СДСМ и ДУИ да ја задржат власта за да продолжат со своите антинародни политики кои до сега ги спроведуваа.

Откако власта виде дека не можат да купат/уценат/влијаат врз претеници од ВМРО-ДПМНЕ, премина на ново сценарио за активирање на мали сателит партии, независни пратенички листи како и уценети поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ да да ја ослабат партијата во пресрет на парламентарните избори. Огромното незадоволство на граѓаните од политиките на власта, овие продолжени центри на влијание на власта треба да оневозможат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите со што партијата би се ставила во повторна ситуација да биде уценувана за да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Она што власта со тој ментален склоп кој што го имаат нејзините функционери не разбираат е дека ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет и сила го црпат од волјата и потребите на Македонскиот народ А токму тој народ е во мнозинство против уставни измени под бугарски диктат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните со убедлива победа на наредните избори со освојување 61+ пратеници ќе му покаже на целиот свет каква држава сакаме да градиме во иднина: Држава која се грижи за волјата и потребите на својот народ наспроти обидите да се урне и она малку Македонштина што остана во ова парче земја!

Масовниот одзив на гласачите на наредните избори треба да ја ослободи Македонија од стегите на актуелната ненародна власт! А само слободен човек може да работи и да се бори за подобра иднина, зошто робовите се борат само да преживеат во рамки што некој друг му ги создава.

Делот од интервјуто во кој што Александар Николоски зборува за овие бледи и прочитани обиди на власта по секоја цена да се одржи во своите фотелји може да го погледнете во сл. видео во продолжение:

https://www.facebook.com/reel/1684340278714007

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace