БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: После 47 години реконструираме детска градинка во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов од изградбата најави реконструкцијa на кровот на зградата на клонот „Развигорче“ при детската градинка „Вера Циривири – Трена“ во Штип.

Станува збор за дотраена кровна конструкција која претставува проблем за безбедно одвивање на наставно-воспитниот процес како за вработените така и за дечињата кои ја посетуваат оваа градинка.

“Дечињата кои се згрижени во клонот „Развигорче“ при детската градинка „Вера Циривири – Трена“ во Штип, секојдневно престојуваат во објект, кој е отворен во далечната 1976 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Потребата да се реконструира кровната конструкција се појави пред 10тина години, меѓутоа до овој момент обновувањето на овој објект отсуствуваше од приоритетната листа на одлучувачките власти во градот, а генерации деца престојуваа во критични услови.

Општина Штип во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Македонија, со еднакво кофинансирање на заеднички проект ќе инвестира 12 милиони денари.

После долг временски период ќе овозможиме замена на кровната конструкција и на истата ќе бидат поставени фотоволтаици, со што ќе го добиеме единствениот енергетски ефикасен објект со оваа дејност.

Создаваме најдобри услови за нашите деца, за сите идни генерации!”

-соопшти во јавноста Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот