БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Славјанка Петровска ги остави војниците во најголемата македонска касарна Илинден подолго време без парно греење (!)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Во месеците јануари и февруари преку склучените договори е овозможено греење само за 1.5h (час и половина) во текот на денот, додека за месец март склучениот договор за парно е доволен само за одржување на инсталацијата.

Значи, парно – нема!

Како е можно раководството на Министерството за одбрана да склучи вакви ограничувачки договори со кои во услови на исклучително слабото менаџирање со КОВИД кризата и здравствениот систем, дополнително ја влошува здравствената состојба на нашите војници и старешини, одговор треба да даде Министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Повеќе од јасно е дека Славјанка Петровска ќе го пробие дури и дното на кое Шекеринска ја фрли АРМ и ги уништи главните и какви-такви капацитети за одбрана на државата.

Министерке Петровска, откако сте министер за одбрана, не сте симнати од авион, иако на сите ни е јасно дека таму каде што одите ниту Ве прашуваат, ниту Вашето мислење некој го зема за сериозно.

Вратете се дома, имате должност кон тие што и’ служат на Македонија.

Цели 3 (три) месеци да ја оставите касарната без парно греење, а притоа на 1 март да се сликате со Волците во истата касарна и да ги терате да Ви стојат мирно е чиста хипокризија и големо понижување и срам за најслабата членка на НАТО.
Или можеби и за ова не сте информирана, исто како што “не бевте информирана” дека ги оставивте војниците без организиран превоз.
Брука!

Неспособноста и неодговорноста на раководството на МО веќе скапо ја чини Македонија.
#Промени

-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace