БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виделе западните земји дека Русија и Кина се коват во нозете па ги кренаа и тие своите нозе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Руската Федерација како и Кина се диктаторски земји. Нивото на демократија во нив е развиено дотаму што може човек да го снема од лицето на земјата ако јавно не се согласува со политичките лидери за прашања што се од круцијално значење за него како поединец во неговиот личен живот. Русија и Кина се разликуваат во моделот на диктатура со тоа што во Русија владее еден човек а во Кина владее Полит Бирото на Комунистичката партија на Кина. За лошите условите за живот и слободата на поединецот во Русија и во Кина нема детално да зборувам, туку само уште еднаш ќе потенцирам дека станува збор за репресивен државен апарат кој првенствено води сметка за својот опстанок а не за подобар живот на своите граѓани/народ.

Наспроти таквиот диктаторски ситем на владеење неодамна ние- Македонскиот народ најбрутално ја осетивме моќта на Американската и про-западната “демократија” кога против волјата на цел еден народ, инсталираните политички платеници во државните институции го променија името на Република Македонија.

Западните “демократи” ја послужија својата доза на “демократија”, домашните платеници си ги добија своите плати во форма на партиски вработувања, тендери, репрезентации, патувања, богатење на приватни фирми на сметка на народните пари, земјата беше насила внесена во НАТО и со тоа геостратешкиот интерес на овие западни “демократи” беше задоволен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Волјата на Македонскиот народ не беше испочитувана во тој процес.

Ова е најексплицитниот индикатор за нивото на демократија во која сите ние имаме право на избор од опциите кои што ќе ни ги понуди некој друг. Од тие причини волјата на народот/граѓаните не доаѓа до израз што не е демократски начин на владеење иако се прокламира како таков. Системот за репресивност на недемократските режими на ваквиот вид на западна демократија користи повеќе алатки на присила кои што му стојат на располагање со цел да се модулира општествен правец на меѓусебна поврзаност кој оди во прилог на самиот систем за негова одржливост наспроти волјата и потребите на поединецот.

И тоа е заедничкиот именител на Рускиот, Кинескиот и про-западниот модел на управување со индивидуалната волја на граѓаните во функција на самиот колективитет.

Во тој контекст евидентна е уште една теза дека процесот на глобализација кој што го афирмираат и практикуваат либералните демократии (кои врз основа на погоре кажаното и не се баш некои демократии) во себе содржи големо количество на ограничувања на правата и слободите на граѓаните како индивидуи.

Ваквата поразителна реалност се согледува од најситни општествени поединости како што е пазарувањето на животни намирници во големите трговски синџири на маркети, па се до монополските улоги на компаниите за комуникација, производство и дистрибуција на енергија, минерални суровини и нивна преработка и воената индустрија. Актуелната глобална криза индуцирана пропагандно од Ковид кризата а де факто неминовна да се случи и без самата криза е резултат на малигноста на ваквиот либерален капитализам кој што научно и математички е осуден на пропаст доколку не е бустот што го дава воената индустрија во глобални рамки.

И оттука тврдам дека војната во Украина е веќе договорена контролирана воена криза помеѓу двете фактички спротивставени страни: Рускиот диктаторски режим на управување и про-западниот либерално демократски режим на ограничени права и слободи на граѓаните. Оваа војна дава своевиден голем буст во развојот на економиите како во Русија така и во западниот свет, со што се одржува тој систем на привидна биполарност на штета на индивидуата.

Понатаму, секоја агресија на НАТО која што беше реализирана во минатите децении беше преќутно охрабрувана од Русија и рускиот тоталитарен систем на чело со Путин, како што и сега воената агресија на Руската армија во Украина е преќутно и крајно лицемерно стимулирана од страна на западните сојузници.

Ова се тешки зборови за поимање но уште поексплицитна е тезата дека про-западните “демократии” во својот еволутивен развој според она што де факто може да се види на терен во секоја држава, секоја власт е тежнеењето кон тоталитаризам налик тој што го има во Русија и во Кина. Спомнете си само каде ќе беше светод денеска по напливот на насилните протести во Франција (на жолтите елеци) и во САД (Black lives matter) доколку не беше ВЕШТАЧКИ воспоставена светската глобална пандемија со Ковид-19 и сега Руско-Украинската воена криза (која е впрочем борба за енергенси и ресурси меѓу двете завојувани страни?

Можам да кажам дека имаме среќа што во целата ситуација повторно мудроста на Македонскиот народ и на дел од Македонската политичка елита овозможи Македонија да не биде ново воено жариште на територијата во Европа, барем не за сега. Многумина се прашуваат дали можеше Македонскиот национален бит да добие за себе во свој интерес подобар расплет на настаните во контекст на потчинувањето на државата на про западните центри на моќ? Одговорот е со шпекулативен карактер поради ограниченост на факти и аргументи и не би сакал да навлегувам во негово анализирање, но најважно од се е дека Македонија и Македонците постојат и продолжуваат да постојат како посебен народ, посебна држава, што не е случај со многу поголеми народи во светски рамки.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот