БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДРЗ алармира за огромен број суштински и технички проблеми во работењето на ЈКП “Брегалница” Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од страна на Државниот завод за ревизија на Република Македонија во јавноста го објавија

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ ЗА 2023 ГОДИНА НА ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „БРЕГАЛНИЦА“ДЕЛЧЕВО

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавно комунално претпријатие „Брегалница” Делчево, за 2023 година. Со извршената ревизија, ДРЗ изразува неповолно мислење за реалноста и
објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со
законската регулатива, упатства и воспоставени политики.
Извршена е ревизија и издаден е Конечен извештај за финансиските извештаи и
ревизија на усогласеност на ЈКП „Брегалница” Делчево за 2003 година, во кој е
изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските
извештаи и неповолно мислење за усогласеност со закони и прописи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на
овластениот државен ревизор за 2003 година, не беше предмет на оваа ревизија, од
причина што од последната ревизија на јавното претпријатие изминат е подолг
временски период и настанати се промени во законската регулатива со која е
уредено работењето.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност
кај ЈКП „Брегалница” Делчево за 2023 година ДРЗ ги утврди следните состојби:

– земјиштето со кое располага претпријатието не е во целост евидентирано и
не е извршена проценка на пазарна вредност од овластен проценител;

– за евидентираната водоводна и канализациона мрежа не се преземени
активности за регулирање на правата на сопственост и не се евидентирани
капиталните вложувања во изградба и реконструкција на истата;

– не е утврдена објективната вредност на основната главнина и не е извршен
упис во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при
Централниот регистар на Република Северна Македонија како основачки
влог;

– побарувањата за кои постојат објективни докази дека претпријатието нема
да може да ги наплати не се обезвреднети и не се преземени целосни мерки
за присилна наплата;

– постојат неправилности во начинот на управување со залихите на
материјали, резервни делови и ситниот инвентар;

– признаени расходи во износ од 3.968 илјади денари без соодветна и
поткрепувачка документација, за издадени залихи и потрошено гориво;

– пописот на средствата и обврските не е целосен и не е извршено
усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со
пописот;

– сметководствени политики кои се применуваат во изготвувањето,
презентирањето и обелоденувањето на финансиските извештаи на
претпријатието не се донесени;

– неправилности во начинот на пресметка и исплата на плата и надоместоци
на плата на вработените и во ангажирањето на лица преку Приватна
агенција за вработување;

– обврските по основ на надомест за користење вода и надомест за испуштање
води во износ од 3.858 илјади денари не се платени во Буџетот на Република
Северна Македонија;

– надоместокот за одржување на јавна чистота и надоместокот за одржување
на јавното градско зеленило во износ од 2.999 илјади денари, не се уплатени
на сметката на буџетот на општината, а програмските активности за
одржување на комунална хигиена се без соодветна поткрепувачка
документација;

– висината на надоместокот за управување со комунален отпад не е реално
утврдена и единица за внатрешна ревизија не е воспоставена.

За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање
на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување
на состојбите.

Во делот Нагласување на прашања, ревизијата известува за судските спорови во кои
ЈКП „Брегалница“ Делчево е странка во постапките и постои неизвесност во
конечниот исход.

Во делот на клучни прашања ревизијата известува за значителното отстапување на
количината на приходувана вода во однос на произведена за 2023 година. Имено,
61,37% од вкупната влезна количина на вода во водоснабдителните системи
изразена во метри кубни е нефактурирана што има за ефект помалку остварени
приходи на јавното претпријатие, помалку пресметан ДДВ и помалку пресметан
надоместок за користење на вода, кои претставуваат приходи на Буџетот на
Република Северна Македонија.

Во делот на внатрешните контроли ДЗР утврди дека не се донесени пишани
процедури за активностите поврзани со економските операции и не се назначени
лица за контрола, за да се потврди целосноста, комплетноста и точноста на
документацијата.
Од страна на одговорното лице, не се добиени забелешки на Нацрт извештајот на
овластениот државен ревизор

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace