Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
На 10 септември, во вечерните часови, во паркот “Жена-борец” во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко телесно повредиле едно лице.
Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите тој два дена подоцна починал во болница.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември