Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, и психотропни супстанции.
Осомничениот, во својот дом во селото Чегране, неовластено заради препродажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 2.819,5 грама. Дрогата била пронајдена при претрес во една од помошните простории во дворот од куќата на осомничениот.
Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!