Британскиот боксер, Ентони Џошуа го доби реваншот со Енди Руиз и повторно стана шампион во светска категорија.
Исцрпувачката битка се водеше во Саудиска Арабија, каде Џошуа славеше едногласна одлука на судиите со 118-110, 118-110 и 119-109 на поени, односно со тоа му се одмази на Мексиканецот за јунскиот пораз во „Медисон Сквер Гарден“.
Во 12 рунди подобро се снајде Британецот кој со овој триумф дојде до појасите во ВБА, ВБО, ВБА и ИБФ категориите.
Човек како мене нема право на изговори. Навикнав да ги нокаутирам луѓето и си реков дека треба да бидам се подобар и подобар. Науката на овој спорт е да удираш, без да те удрат и јас тоа го направив. Јас сум гладен и искрен и сакам да му се заблагодарам на Руиз за сè, како и на неговото семејство, -изјави Ентони после борбата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици
Најава за одржување на Меморијален ревијален натпревар во ракомет во Делчево
Трчањето е повеќе од спорт. Тоа е начин да се остави зад себе секојдневниот стрес, да се заборават грижите и се ослободиме од товарот кој го носимe.