БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за одржување на Меморијален ревијален натпревар во ракомет во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во сабота и недела, 06-07.09.2025 година во Спортската сала при СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево ќе се одржи Меморијален турнир во ракомет посветен на младата ракометарка Андреа Ампова, која прерано го напушти овој свет.

Турнирот се организира од страна на нејзини другарки, пријатели, нејзиниот клуб “РК Делчево” во кој тренираше и ги бранеше боите на својот град.

Турнирот ќе се игра во две натпреварувачки групи во текот на утрешниот ден кој што ќе заврши со Ревијален натпревар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На социјалните мрежи во врска со овој спортски настан стои објавено:

“Една страна младата енергија и спортска амбиција, а на другата – искуството и мудроста на генерациите што ја градeа нашата ракометна приказна.
Љубителите на спортот ќе имаат можност да видат дуел без победници и поразени – натпревар во чест на играта и заедништвото.”

Ракометот во Делчево се сака со цело срце од страна на голем број млади и талентирани ракометарки кои што покажуваат вонсериски резултати во изминатите години, меѓу кои и младата Андреа Ампова остави свој забележителен придонес.

Се покануваат сите љубители на спортот и ракометот во Делчево да го посетат овој настан со што на најубав начин ќе го афирмираме споменот на младата ракометарка.

Турнирот започнува утре во сабота со почеток во 12.00 часот а почеток на ревијалниот натпревар од Меморијалниот турнир е закажан за 19.00 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace