Целиот систем во една држава, целото општество, секој сегмент, зависи од нивото на корумпираност, пред сѐ кај оние кои се „избрани“ да ја водат државата – властите. За човек да дознае каква е една држава, нејзината економија, екологија, образовен систем, здравство, приватен сектор, култура и тн., доволно е да провери колкав степен на корупција има во таа држава. Човек не сака да оди ниту на одмор во држава која има висок степен на корупција бидејќи не се осеќа сигурен, а да не зборуваме да размислува да направи нешто повеќе во такво корумпирано општество.
Најсиромашните и најлошите држави во светот се оние држави во кои царува корупцијата, тоа е факт, тоа се бројки. Кај секоја држава и кај секој народ постои корупција, но нивото на корупцијата зависи од правниот систем во државата. Најбогатите и најпосакуваните држави за живот се оние држави кои имаат исклучително добар правен систем кој корупцијата ја сведува на минимум. Тоа се оние држави кон кои ние тежнееме – членките на Европската Унија. И кога велиме европски вредности мислиме на ефикасен правен систем. Заклучокот е дека во една држава сѐ зависи од правниот систем, секоја пора од општеството е директно поврзана со ефикасноста на правниот систем.
Македонија се наоѓа на врвот по степенот на корупција во Европа. Корупцијата која е присутна во власта влијае врз целокупното живеење во државата, секој еден граѓанин директно е засегнат од од недостатокот од она кое треба да ја отстрани корупцијата – правото и правниот систем. Ние немаме правен систем кој ќе го расветли и санкционира криминалот кој доаѓа од власта, секојдневно на виделина излегуваат бројни афери кои моменталниот судски систем под притисокот на Владата се обидува да ги затскрие. Македонските власти зборуваат за европски вредности но со африкански манири. Додека Заев по трибини раскажува како го гушкале низ Европа на присутните во салите не им објаснува зошто случаите „Рекет 1“ и „Рекет 2“ се заглавени и ништо не е расветлено, не им објаснува на присутните дека животниот стандард им е најнизок во Европа бидејќи правниот систем не ја санкционира власта која краде токму од присутните во салата.
Испумпување на буџетски пари за криминални тендери и зделки го овозможува неефикасноста на системот. Па затоа ни се појавуваат случаи како „клинички центар“, „фондот за здравство“, „35 милиони евра за фирма основана недела дена пред тендерот за реагенси“, „тендер за болнички хеликоптер како да се изнајмува Ербас380“ или она разделување на милиони буџетски пари на фирми стари две недели со „иновации“ симнати од интернет. Само во т.н. „банана држави“ лик како Тредичи се испраќа да го рекетира приватниот сектор.
И после се прашуваме зошто е ваков стандардот во Македонија, зошто низ Европа не гушкаат за утеха и зошто тука живеат само неколку фамилии а останатите живуркаат. Недостаток на правда е во прашање.
-Целата колумна на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски може да ја прочитате на Независен.мк

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!