На фејсбук страницата Македонија со СДСМ во НАТО на која се слават политиките на СДСМ беше споделен пропагандниот банер во прилог на оваа наша статија.
На графичкиот банер стои напишано:
Холандија го РАТИКУВАШЕ протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
Можеме да забележиме дека екипата која стои позади содржината на вака направената објава намерно го одбегнува терминот на “с” пред името Македонија и тоа во пресрет на претстојните парламентарни избори. Дополнително од овој тим намерно имаат направено грешка во зборот РАТИФИКУВАШЕ (напишан РАТИКУВАШЕ) се со цел за да таргетираат поголем број на противници на Преспанскиот договор и промената на името на Република Македонија до кои би допрела информацијата за ратификацијата на договорот со Холандија.
Сите оние кои би се исмеале во коментар или реакција под вака структурираната објава на фејсбук, додаваат уште поголем публицитет кон пропагандната порака, со што до уште поширока публика ќе допре фактот за ратификација на договорот за влез на Македонија во НАТО од страна на Холандија.
Дополнително споделувањето на вака конструираната пропагандна порака во јавност од разни “противници” на политиките на СДСМ во нејзината интегрална форма дополнително оди во прилог на остварување на примарната цел на објавата дека Холандија го ратификувала договорот за членство на Македонија во НАТО.
Само ќе напоменеме дека Македонскиот народ никогаш не се изјаснил дека сака да биде член на НАТО и ЕУ на директен референдум, а со разно разни механизми на манипулација (одлуки на т.н. политички лидери, мистериозни анкети, испитувања на јавно мислење со резултати соопштени од страна на т.н. експертутки) се наметнува тезата во јавност дека мнозинството граѓани го поддржува членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Со тоа преку метод на индиректна присила ќе се втурне Македонија во зона на влијание на една светска сила со што автоматски станува противник на геостратешките интереси на друга светска сила.
Во изминатиот период Македонскиот народ е предмет на специјална војна од страна на силни центри на моќ кои преку разно-разни ПР, разузнавачки и хибридни механизми на манипулација работат на имплементација на проектот на зборот на буквата “с”, се со цел да се избрише постоењето на Македонскиот идентитет на долг рок.
Од нас самите зависи дали ваквите современи методи на војување против вистината ќе вродат со плод!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа