Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на својата работна агенда денеска беше во посета на битолските земјоделци.
“Го посетив фармерот Тони од Велушина, Битола.
Со Тони се запознавме во 2020 тогаш неговата фарма броеше 18 грла, а сега наместо да оди напред и да го зголемува производството заради лошите политики на актуелната власт тој своето стадо сега го намалил на 13 грла молзни крави. Проблем се неисплатените субвенции, нема добиено помош од државата за да го модернизира своето производство, никој од државата до сега го нема прашано дали му е потребна помош.
Потребни се промени час поскоро, ние имаме јасен план и програма како да им помогнеме на македонските земјоделци.”
-напиша на фејсбук Цветан Трипуновски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија