Филмската екранизација на олицетворението на злото и хаосот- некрунисаниот крал на криминалот во Готам, вечниот непријател на Бетмен- Џокерот под името Joker: Folie à Deux се снима по улиците на Лос Анџелес.
Актерот Хоакин Феникс кој што на монументален начин ја одигра улогата на Артур Флик во првиот дел од Џокер во 2019 година во режија на Тод Филипс, повторно се враќа на “местото на злсторството”. Иако крајот на филмот Џокер во 2019 година го прикажа Артур Флик во озлогласениот санаториум Аркам Асилум, при што ја наведе публиката на сомневање дали дејствието на филмот било имагинација или навистина се случило, сега во јавноста протекоа фото и видео материјали од снимањето на сцени со Џокерот по улиците на Лос Анџелес во неговата препознатлива костимографија
Joker: Folie à Deux е долго очекувано продолжение на филмот кој што во 2019 година заработи над милјарда долари. што претставуваше исклучителен филмски успех со оглед на релативно малиот буџет кој што беше инвестиран во правењето и маркетингот на филмот. Со самото тоа што актерот Хоакин Феникс кој што го освои оскарот со оваа своја улога повторно е во костимот на Џокер, публиката е во нетрпение да ја погледне сагата за овој стриповски негативец кој што со исклучителна коинциденција го отсликува хаосот на денешното општество во кое живееме.
Како партнерка на Џокер во продолжението во улогата на Харли Квин ќе настапи пеачката и актерка Лејди Гага со која веќе беа објавени повеќе дизајн постери за првична промоција и најава на филмот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи