После напорниот и иритирачки викенд на целосен карантин за неколку градови и делумен карантин за поголемиот дел од државата, со своја прес конференција денеска Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев излезе во јавност во врска со детали од работата на полицијата во изминатите три денови.
“Статистичките податоци покажуваат дека МВР во изминатите неколку денови полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно. Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот инспекторат,”
-информираше министерот Чулев.
“Од четвртокот од 21 часот до денеска на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 5.397 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.
За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа, како што рече Чулев, најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356. Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.
Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.
Издадени се 1.648 решенија за изолација и 584 за самоизолација. МВР извршило 8.701 контрола на самоизолација и изолација.
Апелирам сите да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.
Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување.
Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи. Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселктивно и законито. Во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето.”
-соопшти на денешната прес конференција Чулев.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал