Голема е радоста кога слушнеме една ваква прекрасна вест! Во рекордно време е собрана сумата која беше потребна за лекување на малата Нина која боледува од Paraparesis Spastica за што и е потребна операција и постоперативна рехалибитација во САД. Нина место во август, на операција во САД ќе замине порано и тоа во април. Благодарност до сите кои помогнаа малата Нина да му се радува на детството и животот. „Потребната сума за операција на нашата Нина се собра во рекордно време,и затоа наместо во август оваа година, Нина веќе во април,за еден месец заминува на закажаната операција во САД…Бидете горди сите кои помогнавте да се реализира сонот на Нина…Останува позитивно да мислиме и да ја дочекаме Нина со убави вести.“ – напиша на својот профил Анче Николова Туфекчиева од Здружението „Вера“ од Струмица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел
Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број на прекршоци, честитки до граѓаните за почитувањето на сообраќајните правила