Луѓето сешто можат да мислат за себе и за сопствените дела. Меѓутоа, ирелевантно е што некој мисли дека е, битно што тој стварно е. Во овој дух, Маркс напоменува:
„Како што некоја индивидуа не ја оценуваме што е, според тоа што таа мисли дека е, така и за една пресвртна епоха не можеме да создаваме суд според нејзината свест, туку, напротив, мораме таа свест да ја објасниме со помош на противречностите на нејзиниот материјален живот.“ (Карл Маркс, 1859 год.)
Навистина – што е битно што некој мисли (или си вообразува) дека е, или што другите за него мислат/вообразуваат дека е, кога многу побитно е што тој стварно е? Разликата помеѓу она што некој мисли дека е, и она што тој стварно е, е идентична со разликата помеѓу она што само се мисли/замислува и она што стварно постои, без разлика на тоа кој што мисли дека е. Тоа што важи за определена индивидуа, важи и за цела една епоха или одредена конкретна политичка стварност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!