Турбуленциите и изборот на кадри во штипското СДСМ се чини не оди глатко.
Од информациите што доаѓаат од партискиот штаб на СДСМ-Штип претходно беше најавено дека за в.д директор на медицинското училиште ќе биде поставен Дејан Павлов, но преку ноќ дојде до промена на кадаровското решение па така сега за ново лице се нуди Емилија Рамбабова, вработена во ова училиште, истакнат член на СДСМ и учесник во шарената револуција.
Состојбата не е ни малку полесна во средното музичко училиште. Таму веќе подолго време се говори за смена на актуелната директорка но никако да дојде. Ова директорско место иако не е под капата на општината штипските социјал демократи го планираат за Горан Трајков. Сопственик на порталот Гласно Прес и претходен сопственик на приватното музичкото училиште Оксија и еден од водачите на протестите на шарената револуција. Смената и овде оди споро пред се како што говорат информациите пречка се непопусливоста на актуелната директорка и недоволната компетенција на Трајков.
Како ќе ги наместат картите и дали овие кадровски желби и решенија ќе ги остварат од штабот на СДСМ во Штип останува да видиме.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта