БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гордана Силјановска на денот на здравјето: Здравјето е основно човеково право

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изјава на Професорката Гордана Силјановска давкова по повод годишнината од создавањето на Светската здравствена организација:

Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето, односно годишнината од создавањето на Светската здравствена организација. „Здравје за сите – за секого и секаде“ е акцијата со која денес СЗО го одбележува денот, ставајќи акцент на примарната здравствена заштита и на превенцијата, со рано откривање на болестите преку редовни контроли.
Убедена сум дека власта нема да пропушти да каже уште некоја празна парола, во стилот: слушај ме што зборувам, не гледај ме што правам! 
Бидејќи, наместо јакнење на здравствената инфраструктура и достапноста на здравствените услуги за сите и во секое време, по име левичарската и проевропска влада всушност прави „физибилити студија“. 
Владата како да нѐ убедува дека здравјето не е основно човеково право, а дека здравствената заштита е трошок за општеството. 
Велат дека досегашниот систем бил неефикасен и неговото одржување е непродуктивно. 
Го поврзуваат системот на јавното здравство со профит, ефикасност, продуктивност, обратно од идејата за бесплатно и општо достапно здравство! 
Нивните планови се приватизацијата на здравствениот сектор, неговата „рационализација“ и концентрирање само во големите градски центри. 
За жал, денес не можеме да си честитаме за ништо во сферата на здравството: во оваа земја се умира и од болести кои можеле да се излечат, јавното здравство е запуштено а сега и тоа ќе се приватизира; членовите на општеството помагаат со собирање приватни донации, специјализантите се на питачки стап, лекарите со мали ординации едвај преживуваат и не е чудо што сѐ позабрзано заминуваат од земјата. Лековите стануваат луксуз, и не само за пензионерите, ами особено за лицата со хронични болести.
По само неколку дена лековите од позитивната листа ги снемува, а цените растат особено во последните 2-3 години. 
Здравјето нема цена, тоа е приоритет! 
Нашата најголема среќа не зависи од состојбата во која животните околности и случајноста не сместиле, туку е резултат на добрата општествена совест, доброто здравје, еднаквоста и слободата да се остваруваат цели кои се праведни за сите.

Креирано од:


Пренеси го гласот