БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гордана Силјановска од Делчево: Заедничко со Делчев ми е што сме двајцата учители. Правото, правдата и етиката се на наша страна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Професорката Гордана Силјановска вечерва беше на средба со граѓаните на Делчево. Во прополната сала во Спомен домот АСНОМ во Делчево, таа се обрати пред присутните Делчевчани, при што ги реафирмираше своите ставови против сите незаконски, неуставни и нелегитимни решенија кои актуелната власт ги донесе на штета на Македонскиот народ.

Зборувајќи за Преспанскиот договор, неговото противуставно носење во парламентот и покрај волјата на граѓаните на Република Македонија изразена преку неуспешниот референдум од 30 септември, професорката Силјановска се заложи за принципиелно спроведување на правото и правдината кои се на спротивната страна од целава оваа постапка за обезличување на државата и народот.

Погледнете го во продолжение целото обраќање на Професорката Силјановска пред Делчевчани:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На крај од овој настан симболично на свој специфичен начин Професорката Силјановска упати порака во чест на патронот на Делчево, големиот револуционер и идеолог-Гоце Делчев:

Делчев го подразбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите, мислам дека ние Македонците имаме со што да се натпреваруваме.

Заедничко со Делчев ми е што сме двајцата учители. Правото, правдата и етиката се на наша страна и мислам дека ние можеме да ја донесеме Европска Македонија, односно на Европа да и’ го прикажеме она што е голем културен Македонски дострел.

-изјави Гордана Силјановска за нашиот портал.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace