Како што претходно известивме, жителите на општина Кочани и понатаму се соочуваат со еколошка катастрофа предизвикана од силниот чад кој се шири од градската депонија во Кочани. Притоа на удар први се жителите на село Бали, каде најмногу се осеќа смрдеата од чадот.
За таа цел од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани на прес конференција ја алармираат повторно јавноста за конечно нешто да биде превземено од страна на надлежните институции за да се надмине оваа агонија.
Почитувани,
Градската депонија и денес пак гори. Чадот се прошири на голема површина над градот, а се чувствува силна смрдеа во Кочани а особено во с. Бели. Сведоци сме на еколошка катастрофа што ја создава депонијата над с.Бели, депонијата гори неконтролирано и го прави животот во Кочани и с.Бели неподнослив.
Ги повикуваме градоначалникот, директорот на КЈП,,Водовод” и советот на општината под итно да превземат најитни мерки а ако споменатите не се способни за тоа-бараме од Владата на РМ да ја превземе надлежноста на оваа депонија и да го сопре труењето на кочанчани! Ви благодарам!
-изјави Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември