БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на Кочани се самоорганизираат! Протест за чист воздух

Пренеси го гласот

Самоорганизирана група на граѓани кои се нарекуваат “Граѓанска иницијатива за чист воздух” од Кочани за во сабота 9-ти Ноември со почеток во 11 часот организираат граѓански протест преку кој од надлежните институции уште еднаш ќе побараат решавање на проблемот со загадениот воздух во Кочани.

На социјалните мрежи врие од незадоволство кај граѓаните кон актуелните катастрофални состојби на амбиенталниот воздух предизвикани од загадувањето во градот кој што е на највисоко можно ниво споредено со останати градови во Брегалничкиот регион.

Загадениот воздух зема данок во крв. Стоп за тивката смрт! Спаси се! Спаси ме! Стоп за болниот воздух, сакаме здрав живот! Излези на протест! Кочани некогаш беше чист град, сега е еден од најзагадените!

-се дел од повиците на граѓаните од иницијативата кои повикуваат на протест.

Наспроти тоа неодамна во јавноста проструи информација дека бил саботиран и забранет граѓанскиот собир во селото Бели, кочанско на кој требало да се разговара за загадувањето со кое се соочуваат жителите на ова село.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период упатуваат свои апели за решавање на состојбите со загадувачите во општината, особено градската депонија која е под надлежност на комуналното претпријатие во општината и Градоначалникот.

Ne prasuvajte ke ima li ova, ke ima li ona…vklucete se aktivno…da im dademe poddrska na lugjeto organizatori koi gi zavrsija site pravni raboti, obezbedija transparenti, posteri, aparat za merenje…ozvucuvanja…lesno e od strana. Jas prasav da ne treba nesto…od solidarnost napraviv flaeri…toa e minimalna suma, ama sekoja poddrska znaci. VKLUCETE SE SO DELA I KONSTRUKTIVNI DISKUSII…DA NE GO IZGUBIME FOKUSOT ZA DA POLESNO STASAME DO CELTA!

-стои во повикот на фејсбук на млада жителка на Кочани која се приклучува на протестот.

Иницијаторите на протестот од граѓанската иницијатива упатија и покани за присуство на протестот до кочанскиот Градоначалник и Претседателот на Советот на Општина Кочани.

Протестот е најавен да започне во градскиот парк во Кочани во 11.00 часот, по што граѓаните ќе се упатат кон двата влезови во Кочани- кај клучката кај Превалец и кај клучката кај Подлог за каде се најавени блокади на сообраќајот.

Креирано од:


Пренеси го гласот