БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дим се дига, тамо Кочанското поле…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ред се редат мале, Кочанските загадувачи… те денеска прогласиле го Кочани за цар на најгадните градове за живеење.

Нема маана, така ќе е коа мајтап си играт сос нас, Кмето и веселата дружина Комуна стебло, секој со секој скарани очи да си вадат. А па тија сите заедно се рват сос овија другите де… и се така… а за Народо боле ги ушето, извини ме на френч! Ама така си е… —————————————–

Овамо Депонијата горе како нуклеарка, загади цел грат, високичкото горе трујца да се измочат се одиде низ неа да се преработе па спаѓа у градо. Собира сите води, на повисоко е, И Чурта право у очите на Кочанци!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А бе мизерија!

Ама ај не се сеќирајте ќе почнале да ја местат од 2025 – тата… дотугај ќе закажувате по Скопјето на онкологија и тава така ќе оде… С’к да ви кажам за оноа саа шо е у тренд, дека беше Целулозата, Папир мили ли е, како и да е… а бе собраа се кочански сејмени ќе одат у бој?!

А бојо бетер од човечки бој! Тава да ти било ногу друго бе… Тука се има само нема инфо сила, јбг тава ќе биде куга Кмето го стиснале и тија и тија, и искал или стискал ќе мора да си заврше.

И ќе направе потег… а колко ќе го кошта ќе вииеме на бурзата бе… Оти он знае кој е тука Сенката а кој е Позади. Малко знаат и затоа си траат… ама како и у секоа маке заебанција има епилог, влез, разврска, сиже, суштно, објаснувал чоеко и пролог еб.го… Тава е оноа шо не чека! Првите ќе забегуат у релативизации а онија другите ортмомари ќе кљукат по некое бодче на АТП листата!? А у меџувремену ќе си Чурка Депонијата, ќе трове Народо и Бељани, онаа Папир Мили ќе си троше тава шо си троше и како сака ќе си рга на Чадо, дале бел, црн, шарен, вас ич да не ве боле К..е оти и тука си има бурза и шема, така да некој ќе дише а некој историја ќе пише…

Таа е другари!

Не забравајте, така почнахме така ќе СВРШЕМЕ!

Пишува: Св. Архангел Командант

(Името на авторот е познато на редакцијата)

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace