Функционирањето на локалната самоуправа не треба да е само прашање на политичка волја кое зависи од расположението и вниманието на градоначалникот. Здрав и одржлив систем на изполнување на комуналните обврски на локалните институции за кои што плата земаат голем број вработени од Буџетот на сите граѓани дали во општината или во локалните претпријатија и институции.
Но во Делчево со секој одминат ден се повеќе, се чини дека ваков изграден систем нема.
Во центарот на Делчево на очиглед на целата делчевска јавност но и оние кои што сакаат да го посетат Делчево во континуитет постојано е присутна оваа глетка прикажана на фотографиите веднаш покрај реката Брегалница.
Освен несоодветниот третман и недоволнот капацитет на кантите за комунален смет на оваа локација околу оваа мини депонија секојдневно гравитираат поголем број на улични животни, кучиња, мачки, стаорци, птици, кои што лесно можат да пренесат заразни болести на поширок простор.
И сето ова се случува на видик од прозорецот на канцелаларијата на градскиот татко кој се чини е преокупиран многу повеќе од предизборните активности, отколку да обезбеди чиста и здрава животна средина за своите сограѓани од чиј Буџет зема плата.
Дополнителен проблем на локалната власт предводена од Горан Трајковски е негрижата на веќе изградената инфраструктура која оставена сама на себе се распаѓа до таа мера што повеќе не е употреблива за својата намена.







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот