За време на арктичката експедиција во 1961 година, рускиот хирург Леонид Рогозов кој бил дел од истата, осетил болка во абдоменот, мачнина и висока температура.
Со оглед на фактот што бил единствениот лекар во експедицијата и во близина немало кој друг да му помогне, додека авионите не летале поради лошото време, бил принуден на ризичен но истовремено храбар чекор.
Се нафатил сам себе да се оперира и да го отстрани сопственото слепо црево.
Ноќта на 30-ти април 1961 година, Рогозов со помош на двајца пријатели од експедицијата ( едниот бил машински инжинер а другиот метеоролог), кои му помагале со тоа што му ги додавале потребните хируршки инструменти, успеал сам себе да се оперира. Примил само локална анестезија, за да биде при свест за време на операцијата, што само по себе значело огромни болки.

На почетокот Рогозов сакал да користи огледало како би гледал што работи, но поради свртената слика се откажал од употребата на огледалото и операцијата ја завршил интуитивно и со допир.
Кога стигнал до најтешкиот дел од операцијата, почнал да ја губи својата свест. Сепак по 1 час и 40 минути колку што траела операцијата Рогозов истата успешно ја завршил. По две недели хиеургот се вратил повторно во нормала со своите редовни работни обврски…
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…
Изложба „45 години ФЛУ“ на 3 април во МСУ, по повод одбележување на јубилејот на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Факултетот за ликовни уметности – Скопје низ призмата на студентите – Влијанието на традицијата и визијата за нови уметнички хоризонти