На вечерашниот протестен марш пред зградата на Владата на Република Македонија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев по втор пат на телевизиски дуел да се соочат пред очите на целокупната домашна и странска јавност.
“Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата.”
Веќе подолго време Зоран Заев го игнорира првиот повик на Мицкоски за ТВ Дуел кој беше упатен пред повеќе недели од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет