Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протест од пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација со вперен поглед во Македонскиот парламент упати повеќе пораки.
Во своето обраќање пред мноштвото граѓани кои што излегоа на денешниот протест да протестираат против неправдите и криминалот на актуелната власт предводена од Зоран Заев, Мицкоски зборуваше за значењето на Македонската револуционерна организација и сите нејзини корифеи на слободарскиот дух кој што доби свое признание во создавањето на Македонската независна и самостојна држава во 1991 година.
Мицкоски се обрати и за актуелните погубни политики кои што ги спроведува СДСМ и Зоран Заев и го најави падот на оваа ненародна власт.
За крај на своето обраќање Мицкоски го честиташе овој празник на целиот Македонски народ по што поворката со возила се упати кон Штип.
“Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината!
ВМРО е пркос, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување.
ВМРО е нашата сила, но и нашата слабост.
ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но немирот за слобода, правда и човечко достоинство.
Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона.”
-напиша Христијан Мицкоски на фејсбук по повод овој настан на опозицијата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“