Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС. Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДС, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ
Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДС. ССМ го покажа вистиснкото лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди до таму што луѓе од СДС се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите.
Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.
Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДС. Бранко Георгиев кој е партиски теренец на СДС сега е главен за теренски активности на ССМ.
Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион сега е ССМ.
ССМ наместо да биде независна организација што ги штити правата на работниците, се претвори во партиска испостава на СДС.
ССМ наместо да делува автономно и во интерес на работниците, функционира како продолжена рака на партиските структури на СДС, со активности, организација и логистика кои се совпаѓаат со партиските интереси.
Синдикатите треба да бидат глас на работниците, а не инструмент на политички партии. ССМ како синдикална организација е ставена во служба на партиска агенда на СДС, и со тоа ја губи својата основна улога и довербата на членството.
Пред очите на целокупната јавност ќе бидат објавени сите лица од СДС кои го имаат превземано ССМ“, велат од партијата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина