БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Игор Јанушев од Македонска Каменица му одговори на Заев: Ние сме Македонци кои што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во текот на денешниот ден беше во посета на жителите на Македонска Каменица.

Големиот број на средби што ги имаше со жителите на ова мало рударско гратче на брегот на Калиманското езеро на реката Брегалница, Јанушев ги искористи да се запознае со тековните проблеми на луѓето во градот, но и да им порача на Каменичани дека е дојдено времето Македонија да почнеме сите заедно од почеток да ја обновиме.

Најмногу се жалат како и секаде каде што одиме со кампањата Разговори за #ОбноваНаМакедонија особено во источниот дел од Република Македонија во однос на иселувањето, особено иселувањето на младите. Меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме.

Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава. Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната програма.

-порача Јанушев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнително генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше изјавата на Зоран Заев со која тој зборуваше за мултиетнички народ и му порача дека

“ние сме Македонци кои што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени”

Погледнете ја целата изјава за јавноста на Игор Јанушев од Македонска Каменица во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace