БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Има ли нешто матно со парите на Ф.К Брегалница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како претседател на општинската Комисија за спорт, Елмир Мандак гласал Фудбалскиот клуб Брегалница каде што тој е спортски директор од буџетот на општината да добие околу 162 илјади евра. За опозицијата во штипскиот совет тоа е класичен судир на интереси, а има и акумулација на функции затоа што тој во исто време е и советник во Советот на општина Штип и спортски директор на фудбалскиот клуб чиј главен патрон е токму општината.

„Сметаме дека е повреден законот за судири и има коруптивно делување и барање решавање на проблемот. Да се добие став на комисијат за спрелувањена корупција. “ – вели Љубе Здравков, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако гласал за оваа одлука Мандак смета дека судир на интереси нема, затоа што тој како спортски директор немал допирни точки со финансиите во клубот, негова обврска биле  тренинзите и стручниот дел.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Таа комисија брои пет члена и начинот на финансирање е од буџетот денес беше комисија која го одобри буџетот.“ -вели Елмир Мандак, спортски дрирекот на ФК Брегалница.

Претседателот на штипскиот Совет чека официјално толкување од Антикорупциската комисија. Потоа ќе одлучат какви чекори ќе преземат.

„ Испративме барање до ова Комисија по седницата на која се расправаше за буџетот. Се уште чекаме одговор дали во овој и уште еден случај има судир на интереси или не„ изјави во телефонска изјава за телевизија 24, Јане Миланов, претседател на штипскиот Совет.

Најголемиот дел од парите од штипскиот буџет наменети за спорт со години одат на сметката на ФК Брегалница. Сепак клубот има наследено милионски долгови. Имаше обиди клубот да се продаде од страна на поранешната локалната власт, но поради нетранспаретна постапка, продажбата доживеа неуспех.

Телевизија 24

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace