Деновиве помеѓу жителите на општина Аеродром на пофрекфентните места во општината може да се забележат активисти на здружението “Аманет 1903-та Скопје”. Според нивното соопштение упатено до нашата редакција активистите спроведуваат директна анкета со жителите на општината за активностите поврзани со здружението. Истовремено активистите од здружението ги запознаваат “дромци” за идејата за поголема кохерентност и обединување на Македонците околу своите зарднички национални интереси.
“Почитувани, ве известуваме дека канцеларијата Македонец за Македонец , директно во контакт со граѓаните на општина Аеродром веќе четвртиот ден активно ја спроведува анкета, врзана за активностите на Орг.Аманет 1903 -та Скопје . Реакциите на граѓаните се главно позитивни.
Четвртиот ден од нашата теренска активност низ улиците на општина Аеродром каде што се наоѓа Канцеларијата МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ на АМАНЕТ 1903-ТА О.СКОПЈЕ.
Помеѓу Македонската Младина, помеѓу повозрасните ја презентираме нашата Идеја која е надпартиска а тоа е обединување на Македонец за Македонец .”
-стои во соопштението на здружението “Аманет 1903-та Скопје” упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните