БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интеретничкото стрип училиште во Велес започна со работа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во просториите на интернатот „Лазар Лазаревски“ во Велес започна дводневното стрип училиште под наслов „ Стрипот во интеркултурна едукативна мисија“.

Овој проект го имплементира Стрип центарот на Македонија –Велес, а е финансиран од страна на министерството за култура. Целта на овој проект е развој на интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во нашата земја како едни од основните заложби во Националната стратегија за развој на културата 2018-2022. Проектот ќе се реализира преку едукативни стрип активности наменети за младите од различни етнички колективитети кои доаѓаат од Куманово, Кавадарци и Велес.

Четиринаесетте млади талентирани уметници ќе творат стрипови на разни теми , кои го засегаат секој млад човек без оглед на неговата етничкат припадност. Некои од стриповите обработуваат и теми како што се дискриминацијата, човековите права и сл. Активностите во ова училиште се логично продолжение на циклусот на вакви сродни активности кои, досега ги има организирано македонскиот стрип центар, а се први од овој вид досега.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Постои голема потреба од организирање на разни форми на едукација на млади стрип уметници во нашата земја. После завршувањето на интеретничкото стрип училиште ќе следи организирање изложби во Велес, Кавадарци и Куманово. Стрип центарот на Македонија-Велес заедно со локалните партнери; ЗГ „ЖИВОТ“ од Куманово, Советот за превентива против малолетничка деликвенција – Кавадарци и ОУ „Васил Главинов “ планира ова стрип училиште секоја година традиционално да се организира во повеќе градови од нашата земја.

Креирано од:


Пренеси го гласот