Традиционалнита унгарска и влашка програма во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ оваа година ќе се одржат на 3-ти и 4-ти август.
Како и секоја година разноликоста на Манифестацијата е претставена преку вечерите во организација на Унгарската амбасада и влашката заедница.
Од Манифестацијата известуваат дека програмата за 2019 година е пред комплетирање и постепено ќе се објавува преку „Фејсбук“ страницата на организацијата на следниот линк: https://www.facebook.com/desetdenakrusevskarepublika/
Програмата ја донесува Советот на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ кој е составен од реномирани уметници, професори и луѓе поддржувачи на Манифестацијата. Бидете дел од Крушево и оваа година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе